YA logo
Биди глас, не ехо! Младински Сојуз - Крушево
EN
   Healthin 'UP

Општи податоци 

Проектот се одржа во Реџо Калабриjа, Италија, од 25 април до 2 мај 2015 и во него беа вклучени 28 млади учесници од Италија, Полска, Грузија, Австрија, Романија, Латвија, Обединето Кралство, Шведска, Азербејџан, Украина, Ерменија и Северна Македонија кои покажуваа интерес за здрав начин на живот, здрава околина, спорт и неформално образование.


 Главна цел на проектот

Целта на овој проект беше промоција на кративни методологии за обуки на млади лидери, млади вработени, идни тренери, студенти и волонтери  во сферата на здрав начин на живот преку спортски активности сметајќи ги истите како елементи на активно граѓанство и градење социо-културни мостови.

Главни проектни активности

 Во меѓународниот младински тренинг курс кој се одржа во Реџо Калабрија, Италија, беа вклучени 28 учесници од 12 држави. Тренинг курсот се одвиваше според принципот – грижата за здравјето преку спортски активности е алатка за зајакнување на граѓанската свест и чувството за припаѓање во Европската заедница што води до поголема демократија во нашето општество.

     Лична карта на МСК

 Статут на МСК
Годишен извештај 2016
Организациска структура
Како да се зачлениш?



Instagram