YA logo
Биди глас, не ехо! Младински Сојуз - Крушево
EN
   Поддршка

Зошто да не поддржите? 

Резултатите кои ги постигнавме во изминатите дваесет години означуваат успех во младинската работа. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија на локално, национално и меѓународно ниво. Успех кој немаше нема да биде целосен без домашната и меѓунардоната поддршката.

Во досегашниот период спроведовме над 800 проекти за промоција на активно учество на младите луѓе во сите сфери на општеството. Ние ги предводиме и поттикнуваме промени со нови и алтернативни решенија на младинските проблеми. И вие можете да ги поддржите промените со директна и индиректна поддршка за спроведување на нашите активности. Секоја ваша поддршка ќе придонесе во остварувањето на нашите цели. Вашата поддршка за нас не претставува само финансиска, туку  и морална поддршка.

Како да не поддржите? 

Директна поддршка на нашите активности опфатени преку нашите програми. Доколку имате можности и идеја за поддршка контактирајте не на: youthalliance@youthalliance.org.mk.

Индиректна поддршка 

Од 2016 година Младинскиот Сојуз – Крушево има два тима кои активно придонесуваат во обезбедување на средства за имплементација на нашите активности.

МЕДИА ТИМ: нуди услуга за аудио и видео стриминг преку интернет за различни корисници и настани кои се посветени на позитивни општествени промени.  Со услугата корисниците имаат можност да ги промовираат своите производи и услуги, да одржуваат предавања и презентации. Погодна е за пренос на настани во живо преку интернет, за телевизии и радија. Воедно медиа тимот комплетно решение, вклучувајќи аудио/видео опрема за снимање, соодветен хардвер и софтвер, и конекција за емитување преку интернет. 

ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМ:

Организацискиот тим на МСК е искусен организатор на настани. Видови на настани организирани од страна МСК вклучуваат обуки, работилници, конференции и дебати за разни типови на учесници и публика. Членовите на организацискиот тим имаат големо искуство со организација на настани и одлични контакти со  даватели на услуги за настани, во земјата (превод, опрема, угостителство, итн.)  Доколку сте заинтересирани за најмување помош при организација на настани, контактирајте со нас на info@youthalliance.org.mk или на нашите канцелариски броеви.  Во изминатите две години МСК има организирани повеќе од 50 меѓународни настани на кои присуствувале околу 1000 учесници.

     Лична карта на МСК

 Статут на МСК
Годишен извештај 2016
Организациска структура
Како да се зачлениш?



Instagram